![Untitled](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/Untitled-7.jpg?resize=657%2C365&ssl=1)
Цистерна со цемент експлодирала на улица во српската метропола Белград.
„Во 8 часот и 45 минути се случила експлозија на резервоар за цемент на улицата Сабачка, Ѕвездара. Повредени нема, но оштетени се возила“, јавува Блиц.
Во тој дел од градот сообраќајот е во прекин.
На видеото што го објави РТС се гледа како целата улица е прекриена со цемент, автомобилите се затрупани со прав, а граѓаните си ги тресат обувките додека минуваат преку цементот.