Супертешкиот „Супер хеви бустер 7“ засилувач дизајниран за програмата „Старшип“ експлодираше во објектот на „Спејс-Икс“ во Бока Чика, Тексас, САД, а снимка од инцидентот се појави и на интернет. „Бустер 7“ содржи 33 „Раптор“ мотори од втората верзија. Извршниот директор на компанијата, Илон Маск потврди дека ситуацијата не е добра, а неговиот тим ја проценува штетата.
– „Раптор“ има сложена секвенца на стартување. Во иднина, нема да правиме тест за стартување со центрифугирање со сите 33 мотори одеднаш – изјави Маск.
Маск минатиот месец рече дека „Старшип“ ќе биде подготвен да лета во јули, но овој инцидент веројатно ќе ги одложи плановите. Потребно е да се изврши анализа и проценка на штетата, а потоа да се утврди дали и во колкава мера тоа ќе влијае на првиот орбитален лет.