Четири деца, од кои две посериозно, се повредени во експлозија на засега неутвредена направа што се случила околу 16:45 часот на улицата „29 ноември“ во ромското маало во Тетово.
Портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифосвки за МИА изјави дека засега се’ уште не се знае што ја предизвикало експлозијата.
Двете посериозно повредени девојчиња, кои според очевидци се на 13 и 14 години, се упатени во Клиничкиот центар Скопје, додека другите две се пуштени на домашно лекување.
Шехерезада Крстиќ, чија петгодишна ќерка е полесно повредена, изјави дека експлозијата се случила на улицата додека повеќе деца на различна возраст си играле.
Полицијата и јавниот обвинител се на местото на експлозијата и работат на утврдување на фактите.