Околу 20 пациенти се евакуирани од болница во Хонг Конг откако експлодира рачно изработена бомба. При инцидентот никој не е повреден.
Маскирани антивладини демонстранти и претходно поставија бомба во објект што беше предвиден за карантин за евентуалните заразени граѓани од коронавирусот.
Експлозивната направа била скриена во бањата во Медицинскиот центар Каритас, а експлодира околу два часот по полноќ, по локално време.
„Експлозијата предизвика многу чад и мал пожар. Бомбата не беше моќна и не предизвика голема материјална штета. Се уште не е познато кој стои зад експлозијата“, изјави главниот инспектор Кевин Чонг Киу-ваи.
Демонстрантите вчера фрлија Молотов коктел во празен јавен објект, што беше предвиден за карантин за пациентите од коронавирусот.