Експлозија на гас во зграда во Русија, најмалку десет лица загинаа

Најмалку девет лица загинаа откако во саботата експлозија на гас урна петкатница на островот Сахалин во Русија, изјави регионалниот гувернер Валери Лимаренко.

Инцидентот се случил во гратчето Тимовскоје. Видеата од местото на настанот покажуваат дека неколку станови биле целосно уништени од експлозијата.

Меѓу жртвите има и четири деца.

Во станбениот комплекс има 33 жители, од кои двајца сѐ уште се заробени под урнатините, додека спасувачите продолжуваат да бараат преживеани.

Девет лица се повредени, јави новинската агенција ТАСС.

ТАСС ги цитира службите за вонредни состојби кои велат дека зградата нема централен систем за греење на гас, а се верува дека причина за експлозијата е неисправен резервоар за гас. Покрената е кривична истрага.