Експлозија на предозирањата меѓу тинејџерите во САД

Предозирањето со наркотици меѓу лица на возраст од 10 до 19 години во САД е повеќе од двојно зголемено во периодот од 2019 до 2021 година, покажува студијата на американските здравствени власти кои предупредуваат а ризиците од фалсификуваните апчиња кои содржат фентанил.

Просечната месечна стапка на предозирања меѓу адолесцентите се зголемила за 109 отсто во споменатиот период од 2019 до 2021 година, објави американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC). Истовремено, предозирањето со нелегално произведениот фентанил се зголемило за дури 182 отсто.

Користењето недозволени дроги меѓу адолесцентите севкупно е намалено во текот на истиот период, што сугерира дека растот на бројот смртни случаи веројатно е предизвикан од посилни дроги а не со почесто консумирање, наведува во истражувањето на CDC.

Фентанил-от, ултра-потентен синтетички опијат кој предизвикува зависност, е лесен за производство во лабораторија со ниска цена. Оваа дрога го преплави американскиот пазар последните години.

Според студијата, околу четвртина од предозирањата кај адолесцентите биле поврзани со фалсификувани апчиња коишто често се продавале како „оксиокодон“, леко против болки, или „аплразолам“, лек за анксиозност познат под марката „Xanax“. Веројатно станува збор и за поголема бројка, имајќи предвид дека апчињата најдени на местата на предозирањата не биле секогаш анализирани.

„Пролиферацијата на фалсификуваните е особено загрижувачка, имајќи предвид дека маркетингот е насочен кон тинејџерската популација и дека таквите апчиња се достапни преку социјалните мрежи. Нејасно е дали адолесцентите имале намера да земаат легални фармацевтски лекови или биле свесни дека апчињата се фалсификувани“, се наведува во извештајот на CDC.

Вкупно 1.808 случаи на предозирање кај адолесценти се пријавени меѓу јули 2019 и декември 2021 година, во 31 американска сојузна држава и областа на главниот град Вашингтон, се додава во извештајот.

Средната месечна стапка на смртни случаи изнесувала 32,5 меѓу јули и декември 2019 година. Но показателот скокна на 68 случаи месечно во истиот период во 2021 година, што е зголемување под 109 отсто.

Меѓу неопходните итни мерки за спречување на смртните случаи од предозирање меѓу тинејџерите, CDC го наведува јакнењето на превентивните кампања кои предупредуваат на опасноста од фалсификувани апчиња, но и освестувањето на адолесцентите за постоење тестови за откривање на присуството на фентанил.

Се препорачува и едукација на младите за противотровот налоксон, кој може да го блокира ефектот на опијатите и кој може да биде употребен во случај на предозирање.