Експлозија погоди талибански конвој на истокот на Авганистан

Најмалку едно лице загинало а седум други се ранети во екслозија на бомба во источната авганистанска покраина Нангахар која погодила талибански конвој во саботата, соопштија во четвртокот локалните претставници и очевидци.

Екслозијата се случила во Џалалабад, главниот град на покраината Нангахар, во 8 часот по локални време, соопштил талибански портпарол за германската новинска агенција DPA без дополнителни поединости.

Извор од регионалната болница во Нангахар рекол дека талибански борец загинал и дека ранети се уште седум лица, меѓу кои четири се цивили, и дека сите биле донесени во таа болница.

Повикувајќи се на изјави на очевидци, локалните медиуми известуваат дека екслозијата била предизвикна од подметната бомба крај патот, која експлодирала кога наишол конвојот со талибански борци.

Насочените експлозии и убиства се во пораст последниот период во источната покраина Нангахар, која некогаш беше најсилното упориште на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, откако талибаните ја преземаа власта над Авганистан кон средината на август.

Исламската држава ја преземеше одговорноста за некои неодамнешни напади. Талибаните и Исламската држава изминатите години се бореа меѓусебно за контрола над некои покраиниа,.

Висок талибански функционер неодамна тврдеше дека џихадстичката групација Исламска држава не претставува закана во Авганистан, како и дека талибаните може да ја совладаат.