Силна експлозија запали фабрика за литиумски батерии во Јужна Кореја во понеделникот, при што загинаа најмалку 16 лица според властите, а службената новинаскаагенција Yonhap известува за 20 жртви, а операцијата за пребарување и спасување е во тек за уште петмина кои се водат како исчезнати, соопштија од локалната противпожарна служба.
Пожарот, кој во голема мера е изгаснат, ја зафатил фабриката што ја води производителот на батерии „Aricell“ во Хвасеонг, голем индустриски комплекс на околу 90 минути југозападно од главниот град Сеул.
Пожарот започнал откако серија ќелии на батерии експлодираа во складиште со околу 35.000 единици, изјави Ким Џин-јоунг, локален пожарникар. Што ја предизвикало експлозијата останува нејасно, додаде тој.
Очевидец за агенцијата Reuters изјавил дкеа видел како пожарникарите се движат до шест тела надвор од фабриката. Поради интензитетот на пожарот, на спасувачите им е тешко да ги идентификуваат загинатите, додал Ким.
Новинската агенција Yonhap претходно објави дека околу 20 тела биле пронајдени во фабриката, но Ким на телевизиски брифинг изјави дека 16 лица загинале, а други две се здобиле со изгореници и други сериозни повреди.
Рече и дека спасувачите влегле во фабриката и се обидуваат да ги пронајдат петте лица кои се водат за исчезнати.
Ким Јае-хо, професор за превенција од пожари и катастрофи на Универзитетот Даеџон, рече дека пожарот веројатно се проширил пребрзо за работниците да можат да избегаат на безбедна локација.
„Материјалите од батериите како што е никелот се лесно запаливи. Толку често, нема доволно време да се одговори, во споредба со пожар предизвикан од други материјали“, додал професорот.
Претседателот Јун Сук-јеол ја следи ситуацијата, соопшти неговиот кабинет, додека министерот за внатрешни работи Ли Санг-мин ги повика локалните власти да преземат чекори за да спречат какви било опасни хемикалии да ја контаминираат околината.
Основана во 2020 година, „Aricell“ произведува примарни литиумски батерии за сензори и уреди за радио комуникација. Таа има 48 вработени, според нејзиното последно регулаторно известување. Компанијата не е котирана на берзата во Јужна Кореја, но е во мнозинска сопственост на „S-Connect“, според податоците од „Aricell“. Концернот „S-Connect“ е регистриран на ткн помладиот Kosdaq индекс и неговите акции паднаа на крајот од тргувањето денеска за 22,5 отсто.
Снимката на телевизија во живо покажа дека пожарникарите ја прскаат оштетената челична и бетонска зграда. Делови од горното ниво се урнале, а големи делови од зградата изгледаа како да биле исфрлени на улицата од експлозија. Јужна Кореја, голема индустриска економија, вложи напори да го подобри своето безбедносно досие по неколку несреќи во минатото, од кои многумина беа обвинети за невнимание.