ВИДЕО| Експлозија во Истанбул, неофицијално, се запалиле подземни инсталации

Во Истанбул утрово се случи силна експлозија, јавуваат турски медиуми. како што се наведува, експлозијата одекнала во областа Бејоглу, а во тек е евакуација на граѓаните. Според некои информации, до експлозија дошло во подземните инсталации. На местото се наоѓаат пожарникарски екипи.