Експлозија во Смедерево – разнесен кат од зграда, најмалку еден загинат

Најмалку едно лице загина, а две се повредени во експлозија во зграда во центарот на Смедерево, јавуваат српските медиуми. Експлозијата се слушнала и на периферијата на градот.

Според српското министерство за внатрешни работи експлозијата се случила околу 21 часот, на последниот кат од зграда, по што трите ката надолу биле кренати во воздух. Повредените се брат и сестра. На терен се итната помош и пожарникарите. Причината за експлозијата се уште се утврдува, но се претпоставува дека експлодирала плинска боца.