Експлозија во воена фабрика во Србија-шест лица се повредени и пренесени во болница

Во фабриката „Милан Благојевиќ“ во Лучани, Србија, утрово дошло до пожар и се случила силна експлозија. Има повредени, јавуваат српските медиуми.

Како што јави „Телеграф.рс, шест лица се повредени, имаат изгореници, но никој не е во животна опасност. Тие се сместени во болницата во Чачак.

Пожарот избувнал околу 9.20 часот во фабриката за производство на еднобазен барут.

Од правец на фабриката продолжува да се шири густ црн чад, а од фабриката излегоа 5 возила на брзата помош, известуваат српските медиуми.