Експлозии на гранати и пукање денеска се слушаа во областа Рас ел Аин, на североистокот од Сирија, само еден ден откако Турција постигна договор со САД за петдневно запирање на офанзивата, за курдските сили од овој регион да можат да се повлечат.
Британските медиуми јавуваат дека во градот Селјанпајнар одекнувале експлозии од гранати и се слушало пукање од автоматско оружје
Американскиот потпретседател мајк Пенс и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера во Анкара постигнаа договор за краткотрајно примирје
Турција на 9 октомври ја почна операцијата „Извор на мирот“, само два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп ја соопшти одлуката за повлекување на американските војници од североистокот на Сирија. Цел на оперцијата, според официјална Анкара, е создавање „тампон зона“ за заштита на турската граница во која може да се вратат сириските бегалци од камповите во Турција.