Две силни експлозии избувнаа на крстосница во турската престолнина Анкара, соопшти Си-Ен-Ен Турк, пренесува МИА.
Турските медиуми јавуваат дека има над 50 повредени лица, а одредени медиуми јавуваат и за 20 мртви. Засега нема офцијална потврда за бројот на жртвите.
На местото на настанот, кој се случи во близина на централната железничка станица, испратени се многу амбулантни возила.
Државната новинска агенција Анадолија соопшти дека овие експлозии се предизвикани од бомбаш-самоубиец.
Експлозиите се случија непосредно пред планираниот мировен марш, во знак на протест против конфликтот меѓу државата и курдските милитанти во југоисточна Турција.