
Две експлозии одекнале синоќа во комплексот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ кај Бит Пазар.
Обезбедувањето синоќа околу 22 часот пријавило дека слушнале две експлозии. За среќа нема повредени лица и не е причинета материјална штета.
Во пријавата на случајот, веднаш било излезено на терен од каде се подигнати траги кои се предадени на вештачење.
Полицискиот увид продолжува и денеска.