![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/12/avtomobil-bomba-1.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Вкупно 15 лица загинаа, а над 100 лица се повредени во експлозија на три автомобили бомби во христијански град во Сирија, јавува „Раша Тудеј“.
Експлозиите се случиле во близина на болницата на курдските сили и во близина на пазарот Соук Ал Џумла. Најголемиот број погодени лица биле цивили, но имало дел и курдски и асириски борци.
Во возилата наводно имало големо количество експлозиви, што предизвикало значајна штета на околните згради и инфраструктурата. Засега никој не преземал одговорност за нападите.
Градчето Тел Тамер е воглавно населено од Курди, арапи и Асиријци. Гратчето исто така е дом на асириската христијанска заедница, а во последните месеци беше цел на напади на голем број терористички напади од милитантите на Исламска Држава.