
Сопственикот на повеќе ноќни клубови во Белград, Драган Јелиновиќ-Јелке, загина вчера кога под неговиот автомобил била поставена експлозивна направа, која се активирала при ставање клуч во возилото.
Јелиновиќ, бил во автомобил марка „Ауди А8“, а делови од истиот летале на 50 метри од возилото.
Според неофицијални извори, полицијата претпоставува дека Драган настрадал при пресметка со нарко банда.