
Бомба експлодира денеска покрај канцеларијата на Грчката бизнис федерација во центарот на Атина.
Во експлозијата се скршени прозорците на објектот, но нема повредени, соопшти полицијата и додаде дека нападот е дело на локални групи.
Експлозивната направа која е активирана со тајмер била ставена во ранец во близина на влезот на Федерацијата и експлодирала во 3:30 часот по локално време, пренесува МИА.
Триесет минути претходно бил упатен анонимен повик до весник, изјави претставник на полицијата.
Полицијата го блоклираше регионот, а во зоната работат тимови на деминери.