Експлозија на бомба во Котор, две лица загинаа

Во силна експлоизија, што денеска одекна во которската населба Муо, две лица погинаа, јавија црногорските медиуми, а пренесува  МИА.

Порталот Cdm наведува дека погинале двајца жители на Котор. Експлозивната направа била фрлена околу 16 часот и 30 минути пред една куќа.

Полицијата ги блокирала сите улици во населбата, а во тек е потрага по осомничените, јави Танјуг.