
Засега непознат сторител минатата ноќ фрлил рачна бомба во дворот во една куќа во Загреб, во која се наоѓаат седиштето на Здружението на Ромите во Хрватска и ромска детска градинка и забавиште.
Како што јавија хрватските медиуми, при експлозијата се оштетени фасадата, вратите и прозорците на куќата, како и четири автомобили кои биле паркирани во дворот.
При експлозијата нема жртви, а хрватската полиција врши увид на местото на настанот.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 01:30 часот по полноќ.