Експлозија на цистерна со гас во Турција, најмалку 66 повредени

Најмалку 66 луѓе се повредени откако се превртела и експродирала цистерна со гас во Југоисточна Турција, јави Анадолија, пренесе МИА.

Несреќата се случи утрово, а од експлозијата и пожарот беа зафатени и два автобуси и други превозни средства на патот во близина на градот Лиџе, на околу 150 километри северно од Дијабекир.

Околу 20 повредени се во тешка здраствена состојба.