![cile eksplozija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/cile-eksplozija.jpg?resize=640%2C407&ssl=1)
Најмалку пет лица, меѓу кои двојка од Венецуела, се повредени во експлозија на бомба на автобуска станица во Сантијаго де Чиле, објави во петокот на Twitter градоначалничката на чилеанската престолнина Карла Рубирал.
„Експлозијата се случи на автобуската станица Викуња Макена/Билбао, пет лица се ранети, нема закана за нивните животи. Сега на самото место ги координираме итните работи, а Групата за специјалните полициски операции ги истражува причините за инцидентот“, напиша градоначалничката.
Електронското издание на весникот El Mercurio објави дека причината за експлозијата е експлозивна направа, сокриена во корпа за смет во близина со автобуската постојка. Сообраќајот во областа на инцидентот е блокиран.
Според информациите на радионстаницата Bio Bio, одговорноста за експлозијата ја презела локална терористичка групација, којашто како своја цел ја прогласила борбата против напредокот и цивилизацијата.
Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера го осуди терористичкиот напад во главниот град и вети дека ќе биде спроведена темелна истрага. Властите претходно соопштија дека експлозијата во главниот град ја истражуваат како терористички чин.
„Не само што катагорички го осудуваме нападот со користење на експлозивната направа, што се случило во Сантијаго. Поднесоваме барање во рамките на законот за борба против тероризмот против одговорните (за нападот), ќе истражуваме додека не ги разјасниме сите околности. Насилството никогаш нема да биде начин за дијалог“, пишува претседателот на микроблогот на Twitter.