Експлозија во автобус во Белград, има повредени

Во белградската населба Дедиње утрово пред 11 часот се случи експлозија во автобус.

На местото на несреќата пристигнале екипи на итна помош, но засега здравствените власти не даваат информации дали има повредени.

Локалните медиуми пренесуваат дека има повеќе повредени лица, а според нив причина за несреќата е најверојатно експлозија на гума или боца за компресија на воздухот.