
Името на фабриката е “Селиер и Белот”, а се наоѓа на 60 километри јужно од Прага, во местото Влашим.
Портпаролот на противпожарната служба, Ладислав Холомчик изјавил дека несреќата се случила во 12:35 по локално време, како и дека експлозијата не предизвикала пожар. Сепак, неколку од работниците сеуште се наоѓаат внатре во фабриката поради што нивната состојба засега е неизвесна.