Жителите на скопско Стајковци беа силно вознемирени во понеделникот ноќта поради детонацијата што ја слушнаа на првиот ден од отпочнувањето на изборната кампања за локалните избори, а дополнителна загриженост предизвикува тоа што експлозивната направа е фрлена во домот на партиски активист.
Голем број жители на населбата синоќа беа собрани на самото место, а поради овој дел од главниот град, некои одлучија децата да ги однесат да преноќат кај свои роднини во други скопски населби. Според локалното население, на инцидентот му претходела нарушената безбедност последниве месеци.
Во понеденикот вечерта околу 21 часот во селото Стајковци на улицата 18 бр.26 во двор сопственост на А.Н. експлодирала експлозивна направа од која има оштетување на куќата и на автомовил „рено“ со скопски регистерски ознаки. Во инцидентот нема повредени, а дополнително ќе се врши увид на лице место.
Од разговорите со соседите, се дознава дека сопственикот на куќата во којашто е фрлена бомбата е симпатизер на ВМРО ДПМНЕ.
Министерството за внатрешни работи досега не излегува со никаква поединост околу инцидентот, а во медиумите кои се блиски на владејачката СДСМ за инцидентот не беше воопшто информирано.