Најмалку четири лица се повредени доцна синоќа при експлозија во Истанбул, пишува турскиот весник „Милиет“.
Според весникот, експлозивната направа била поставена под мост во истанбулскиот кварт Малтепе.
Повредените се хоспитализирани и ниту еден од нив не се наоѓа во критична состојба.
Градоначалникот на општината Малтепе, Али Калач напиша на Твитер дека експлозијата била причинета од звучна бомба.
Безбедносните сили го блокирале мостот за движење веднаш по силната експлозија.