Експлозија во еден од моторите ја предизвикала несреќата на рускиот авион „Ербас А321“ во Синајската пустина во Египет, за весникот „Ал Масри ал Јун“ информираа извори од истрагата, пренесе ТАСС.
Според еден извор од истрагата, на таков наод наведуваат податоците од црните кутии.
-Причина за падот на авионот е екслозија во еден од моторите. Што ја предизвикало експлозијата ќе утврди специјална техничка лабораторија, како и резултатите од експертскиот преглед на местото на несреќата, телата на жртвите и материјалите врз телата и остатоците од авионот, изјавија од истражната комисија.
Истрагата засега нема податоци дека трагедијата е поврзана со терористичка активност.
-Земените мостри од телата на патниците и остатоците на авионот ќе утврдат дали