Експлозија во Скопје

Експлозија во Скопје. Синоќа околу 19,50 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Никола Малешевски“ експлодирала засега непозната експлозивна направа во непосредна близина на бетонска ограда од двор на куќа лоцирана на горенаведената улица.

Од настанатата експлозија, како што информира МВР, нема повредени лица, причинета е само материјална штета, односно оштетување на прозорците од куќата, а оштетено е и паркирано возила „Мерцедес“.

Медиумите претходно пишуваа дека експлозијата била пред куќата на бизнисмен кој живее во соседството на вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковен договор, Муса Џафери во скопската населна Топанско Поле експлодирала бомба.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.