Мала импровизирана бомба утринава експлодирала во близина на израелската амбасада во кипарската престолнина Никозија, јави ДПА.
Полицијата приведе четворица мажи на возраст меѓу 17 и 21 година, јави Кипарското радио, повикувајќи се на локалните власти.
Импровизираната експлозивна направа била активирана на околу 30 метри од влезот на израелската амбасада. Нема оштетувања на зградата.
Се претпоставува дека четворицата приведени се од Сирија.