Експлозивни направи најдени во Слупчане и Битола

Бомбите се наоѓале од надворешната страна на ѕидот покрај селскиот пат. А.Р. пријавил во полициското одделение Матејче вчера во 10:40 часот, а стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасувње Куманово ги подигнало пронајдените експлозивни направи за понатамошна постапка.

МВР наведува дека бомбите се од кинеско производство, без ознаки и биле исправни. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

И во полициската станица Битола вчера во 10:30 часот е пријавено дека е најдена експлозивна направа.  П.М. од Битола пријавил дека во близина на Сточниот пазар пронашол неексплодирана артилериска граната калибар 22 мм од Првата светска војна.

Во 11 часот гранатата била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување-Подрачна единица Битола.