Експоненцијален раст на новозаразените во Русија, 800 отсто за две седмици

Бројот на новозаразените во Русија во средата се зголемил за 3.300 луѓе, на севкупно околу 24.500 пациенти во двете седмици експоненцијален раст, а руското министерство за здравство објави дека тоа се должи на методологијата на собирање на податоците.

Според состојбата на 15-ти април во Русија се потврдени 24.490 пациенти со коронавирус, од кои 1.986 оздравеле а починале 198 лица, и спроведени биле околку милион и пол тестови на Covid-19, соопшти во средата министерството за здравство.

Според овие податоци, бројот на заразените со коронавирусот во Русија од почетокот на април се зголемил за 800 отсто. Под медицински надзор под сомнеавање за коронавирус се околу 130.000 лица, соопштија здравствените власти.

Министерството за здравство во средата појасни дека околу 6.000 вработени во руските медицински установи ги внесуваат податоци за пациентите со коронавирус и со пневмонија во еден заеднички информативен систем за пациентите со Covid-19, бидејќи второт заболување се јавува како најтешка последица од инфекцијата со коронавирусот а тестовите можат подоцна да го покажат неговото присуство.

На овој начин руските здравствени стручњаци можат во реална состојба да ја следат состојбата со зачестеноста од заболувањата со Covid-19 и заболувањата од воспаление на белите дробови во целата земја, се додава во соопштението на министерството. Покрај тоа, се истакнува дека ваквата база помага да се преземаат „навремени и заснованни мерки, да се симулираат ситуации, да се направи прогноза за развојот на епидемиолишкиот процес“.

Последните две седмици мерката карантин се воведува ширум Русија, откако тоа го сторија властите на главниот град Москва, која бележи најмногу заболени и смртни исходи. Претседателот Владимир Путин на почетокот од седмицата предупреди дека епидемијата во земјата „не се подобрува“. Од владата и локалните власти побара да се подготват за најлошото сценариот и најави дека во одговорт на епидемијата ќе биде вклучена и војската.

Русија на почетокот од пандемијата беше една од првите земји којашто реагираше на избувнувањето на болеста во соседна Кина, затворајќи ги гранциите уште во јануари. Се спроведуваа и мерки на карантин за лицата кои пристигнуваа и од други држави, но официјално споредено со другите европски земја подоцна ги воведе рестрикциите на работењето и движењето на својата територија.

Откако повеќето земји се под карантин, Русија оваа мерка ја вовед пред две седмица, порачувајќи им на граѓаните две седмици да не одат на работа и да не излегуваат од своите домови освен за итни и неопходни потребо. Самоизолацијата е единствената опција, порача Путин во минатонеделното телевизиско обраќање.