0.8 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2025

ЕКСПРЕС.МК открива кој предложил забрана на колумни

Новинарот Бранко Героски вчера објави дека постои иницијатива за забрана за слободно пишување колумни но не кажа чија е иницијативата. Денеска активисти на социјалните мрежи откриваат дека иницијативата е јавно објавена на дописничката на државната информативн агенција МИА во Брисел, Тања Милевска, пренесува порталот ЕКСПРЕС.мк.

Таа на 2-ри август јавно предложила „сѐ додека темелно не се реформира македонското новинарство да се забрани објавување на колумни од страна на медиумите во Македонија“. Милевска дозволува да може да се објави само по една колумна неделно но само ако има редакциски консензус?!

Тања Милевска во 2017 година го замени како дописник на МИА, Бобан Нонковиќ.

Нејзината мајка поранешната новинарка Светлана Јовановска од март е одговорна за комуникации во македонската мисија во ЕУ во Брисел а вујко ѝ е познатиот новинар на Новатв.мк и 1ТВ, Борјан Јовановски.

За дел од колегите на Милевска предлогот да се забрани слободно објавување колумни во Македонија е шокантен, затоа што таа важи за самопрогласена „ултралиберална“ по прашањето за човековите права и медиумската слобода.

Но Милевска важи за новинар кој ја продолжува семејната традиција со „одлични контакти“ во седиштето на ЕУ, како и за влијателна во највисоките ешалони на владит на СДСМ, вклучително и на сегашената на Заев.