Експресни промени на Законот за стратешко партнерство со ,,Бехтел и Енка‘‘

Како што експесно го донесоа, така експресно пратениците ветиле и дека ќе го сменат законот за изградба на автопатите. Под притисок на синдикатот, најавено е дека до крајот на оваа недела ќе биде сменет член 12 од законот со кој се предвидува дека работниците на градилиштата ќе работат и по 60 часа неделно.

Законот за стратешко партнерство со Бехтел и Енка минатата недела беше експерсно донесен и потпишан од претседателот. Антикорупциска најави дека законот ќе го оспори пред Уставен суд затоа што е спортивен на Уставот и отвора можности за корупција.

Министерот за транспорт пак вели дека и во случај законот да оди на Уставен, Владата има план Б за изгрдба на атопатите,

Првиот вицепремиер Артан Груби пред три месеци го потпиша меморандумот за сорабтка со американскиот конзорциум за изгрдба на автопатите Тетово – Гостивар – Букојчани, Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола.