Меѓу 20 и 25 луѓе се хоспитализирани по есплозија во станбена зграда во центарот на шведскиот град Гетеборт во вторникот рано утрото, премесуваат порталот Nordic News и новинската агенција TT.
Според првичните податоци, најмалку три лица се тешко повредени во инцидентот. Весникот Aftonbladet објави дека експлозијата се случила околу 5 часот по локално време, проследена со пожар. Пожари биле лоцирани во неколку објекти истовремено, поради што биле евакуирани меѓу 100 и 200 луѓе.
Според претставник на противпожарната служба кого го цитираат медиумите, некои од жителите морало да бидат спасени од балконите, додека други ги напуштиле своите станови симнувајќи се со импровизирани јажиња од чаршави.
Полицијата наведува дека отворила истрага, иако засега нема осомничени. Службите за итно дејствување соопштија, пак, дека работат на еакуација на станарите и гаснење на пожарот во зградата.
„Неколку станови и скалилата се погодени. Во моментов не е јасно што ја предизвикало експлозија“, сооштија од службата за итни состојби за пошироката областа на Гетеборг.