Дваесет и шестгодишен ресенчанец доби кривична пријава бидејќи неовластено произведувал и продавал наркотици.
Откако набавил кокаин го препакувал во шеснаесет помали најлонски пакувања за препродажба на наркозависници. На 28.08.2014 година петнаесет најлонски пакувања со кокаин сокрил во внатрешноста на “бмв“ со ресенски таблички додека едно најлоско пакување со кокаин понел со себе.
Од страна на полицијата пријавениот бил затекнат на ул. “Митре Трпковски” во Ресен и при преглед над истиот во него било пронајдено најлонското пакување и еден џебен нож.
Врз основа на претходно добиена наредба за претрес на горенаведеното возило во него се пронајдени и останатите петнаесет пакувања со кокаин како и 31 таблета со различни бои и форми како и едно шише со засега непозната течна материја. Од извршеното вештачење на шеснаесетте помали најлонски пакувања констатирано е дека се работи за кокаин со маса од 4,35 грама.