Над половина од поднесените 2.855 приговори околу тестовите од екстерното тестирање во јунската сесија биле одбиени како неосновани, соопшти Државниот испитен центар.
– Прифатени се 17,09 проценти, делумно прифатени се 26,34 проценти од приговорите, а повеќе од 50 отсто од приговорите се неосновани. Мал дел од приговорите (околу 40) се однесуваат на нецелосно процесирани резултати и тие се уште се решаваат во комуникација со училиштата. Забележително е поголем бројот на поднесени приговори од ученици на кои им е потребен еден поен за премин во наредна оценка без основа за приговор, информира ДИЦ.
Центарот посочува и дека најголем број од приговорите се поднесени за предметите математика, македонски јазик, информатика и биологија.
– Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат коригирани или избришани од базата на прашања, додава ДИЦ.