Драган Даравелски е приведен, но тешко дека во скоро време ќе се врати во земјата, јавува Сител.
Поранешниот шеф на македонската царина не се предава лесно. Откако рано утрото бил приведен по обновената потерница од македонските судски органи, ги искористил законските можности кои му ги пружаат граѓанските правата во соседна Србија.
За Сител од министерството за правда на Србија велат дека одлуката за екстрадицијата на Даравелски ќе биде донесена по разгледувањето на неговите приговори.
Имајќи во предвид дека Драган Даравлески ја искористил можноста за искористување на правните лекови, министерот за правда нема да дозволи екстрадиција додека не се одлучи по тие правни лекови, велат од министерството за правда на Србија.
Даравелски, согласно договорот на кои пред пет години ставија потпис министрите на Македонија и Србија, би требало да биде екстрадиран во земјава. Тие договорија двете земји да вршат екстрадиција на сопствени државјани за кривични дела како што се организиран криминал, корупција и перење пари.
За апсењето на Даравелски повеќе на следниот линк.