
Кривичниот суд во Скопје му одредил екстрадициски притвор на поранешниот член на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина, кој беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ врз основа на потерница од српскиот суд.
Од Кривичен велат дека притворот е одреден поради екстрадиција по распишана потерница од Интерпол Србија.