Екстремисти од ИД нападнале со хемиско оружје

Десетици Ирачани се повредени во напад со хемиско оружје, извршен од екстремисти на исламистичката група „Исламска држава“, објави МИА.

Телевизијата „Ал Сумарија“ објави дека екстремисти од ИД употребиле гранати со хлор. Цел на нападот бил регион во северниот дел на градот Ад Далуија, на 80 километри северно од Багдад, во провинцијата Салах ад Дин.

Неколку десетици лица добиле напади на задушување. Моментално нема информации за жртви во нападот.

Градот е важен центар што го поврзува Багадад. Ирачките власти соопштија дека силите за безбедност почнале операција за ослободување и чистење на регионот од џихадисти.