Стратешки важниoт шиитски град на северот од Ирак Тал Афар, падна, после повеќедневни борби, и сега е потполно под контрола на сунитските екстремисти, соопштија денес локалните власти.
„Градот Ал Тафар и аеродромот потполно се под контрола на екстремистие, пренесоа новiнските агенции, повикувајќи се на изјава на неименуван официјален претставник. Граѓаните и безбедносните сили кои го напуштиле градот исто така, ја потврдиле оваа вест.
Офанзивата на припадниците на Исламската држава на Ирак и Левант почна на 9-ти јуни во Мосул, главниот град на северната провинција Нињива, каде што се наоѓа и Тал Афар. Екстремистите веќе наредниот ден го освоија Мосул и завземаа поголеми делови на уште четири провинции.
Во Багдад во изненадна посета допатува американскиот државен секретар Џон Кери. Стејт департментот побара мисијата на Кери да се држи во тајност заради безбедносни причини, бидејќи во Багдад треба да се состане со премиерот Нури Ал Малики и други врховни ирачки лидери, пренесе агенцијата АФП.
Во Египет вчера Лери предупредил дека „идеологијата на насилство и репресија на сунитските екстремисти на ИСИЛ е закана не само за Ирак туку и за целиот регион.“