Екстремно загадување на воздухот во Велес утрово покажуваше мерната станица на Министерството за животна средина. Од 660 во 9 и 10 часот, во 11 часот аерозагадувањето во градот пораснало на огромни 892 микрограми ПМ-10 честички на метар кубен, за на пладне загадувањето да падне на нула.
Загадување над максималната граница во 12 часот има и во Тетово (132 ПМ-10 и 127 ПМ-2,5 суспендирани честички), Кавадарци (76 ПМ-10), Кочани (63), додека сите мерни станици во Скопје регистрираат загадување над или околу дозволеното ограничување на ПМ-10 честички.
Минатава недела, со падот на температурите и промена на временските прилики започна нагло да расте загадувањето. Во скопската околина најголеми пикови на загадување регистрираа мерните станици Ректорат, Лисиче и Карпош. Куманово и Кавадарци биле најзагадени во источната зона, додека во западната зона највисоко загадување имало во Битола, по што следуваат Тетово и Кичево.