Еквадорските власти во близина на островот Галапагос открија полу-подморница, на која имало еден тон кокаин, соопшти денеска еквадорската крајбрежна стража, пренесува МИА, повикувајќи се на Танјуг.
Операцијата за запленување на дрогата е извршена во соработка со полициските сили на Еквадор и Колумбија, изјави еквадорскиот заменик министер за внатрешни работи Дијего Фуентес.
Полу-подморницата е престретната во близина на островот Хеновес, во северниот дел на архипелагот Галапагос, на околу 1.000 километри од еквадорскиот брег.
Во операцијата се уaпсени три лица.
Еквадорските власти кон почеткот на мај соопштија дека од почетокот на годината заплениле околу 26 тони дрога, главно кокаин, кај најчесто бил наменет за странски пазар.