Ел Чека објаби нови бомби во кои се слушаат гласовите на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, и на Муса Џафери, кои разговараат за вработување партиски кадри.
Во објавениот разговор може да се чуе договарање како да вработи ќерка на претседател на суд зашто нивни градоначалник имал предмет кај тој судија.
„Градоначалникот на општината има еден предмет кај тој судијата и треба да му ја вработиме ќерката“, се слуша од гласовите на снимката.