![EL SARAVI MILAN ZA REAL](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/EL-SARAVI-MILAN-ZA-REAL.jpg?resize=620%2C430&ssl=1)
Постариот брат на младиот напаЃач на италијанскиот калчо гигант Милан, Стефан Ел Шарави, Мануел, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека репрезентативецот на Италија ќе биде продаден на актуелниот евроспки клупски шампион Реал (М).
Италијанските медиуми пред неколку часа ја пласираа информацијата дека “кралскиот клуб” има испратено официјална понуда за напаѓачот на Милан вредна околу 16 мил. евра.
“И јас ја прочитав таа информација дека мојот брат е желба на Реал (М), дека има некаква понуда за неговите услуги. Јас без никаква дилема можам да изјавам дека Стефан ќе остане во редовите на Милан. Сега не е време да збориме на оваа тема, не е време за некакви трансфер шпекулации. Мојот брат е фокусиран само на турнејата низ Америка. Стефан има фантастичен однос со новиот тренер на Милан, Филипо Пипо Инзаги. Пипо верува во неговите квалитети”, изјави Мануел Ел Шарави.