Електорите во САД во понеделникот официјално го потврдија демократскиот кандидат Џо Бајден како победник на претседателските избори одржани на 3-ти ноември и 46-ти американски претседател, но и натаму траат обидите на актуелниот републикански претседател Доналд Трамп да го потврди своето уверување дека по почетното водство му се украдени гласовите и да направи пресврт.
Откако Калифорнија, американската сојузна држава со најбројно население му ги даде на Бајден своите 55 електорски гласови, тој го мина прагот од 270 од вкупно 538-те електорски гласови, со кои го обезбедува освојувањето на Белата куќа. Досега, за Бајден се потврдени 302, а за Трамп 232 електорски гласови.
Електорското гласање (електорски колегиум/ колеџ) на една по една на сојузните држави, коешто творците на САД го осмислиле наводно како дополниелна проверка на волјата на гласачите, на овие избори добија на голема важност поради обвинувањата од страна на Трамп, но и од многу републиканци и мноштво избирачи негови поддржувачи дека изборите биле украдени.
Под влијание на естаблишментот во Вашингтон, светските челници кои беа во судир со Трамп поради неговата директност и политичка нетактичност постојано потсетувајќи колку САД вложиле и вложуваат во нивната безбедност и благостостојба, судовите во сојузните држави ги одбија речиси сите претставки и тужби од неговиот тим. Тие се состоеја од наводи и изјави за недозволување на неговите набљудувачи да присуствуваат на процесот на пребројување на гласовите, пресметување на гласовите по пошта по одредениот рок а со кои Бајден остварил неколкукратно повеќе гласови отколку што добил на самите избирачки места.
Електорите ќе подготват сега два специјални документи сертификати во шест копии од секоја сојузна држава. Сертификатите се потпишуваат, се запечатуваат и му се испражаат на претседателот на Сенатот, кој по правило е потпретседателот на САД а во моментов тоа е Мајкл Пенс, на државниот секретар од нивната држава, до Националниот архив и до Вишиот суд на округот каде се сретнале електорите.
Националниот архив, откако ќе ја добие својата копија, што е можно поскоро го објавува официјалниот резултат на својата веб-страница. Сепак, во практиката, овие податоци на теренот побрзо стасуваат до медиуми, кои и самите ги сумираат резултатите и прават прогнози.
Со денешните формални гласови на електорскиот колегиум, би требало значително да бидат намалени изгледите на Трамп да ја оспори објавената победа на Бајден, но тие сепак постојат.
Електорите како заштитен изборен механизам
Според сложениот американски изборен систем, кој не е многу разбирлив и за самите гласачи па и за најголем дел од тамошните водечки медиуми, а кој потекнува од 80-те години на XVIII век, кандидатот не станува американски претседател врз основа на мнозинството гласови на избирачките места, туку со гласовите на ткн електорски систем кој на секоја од 50-те сојузни држави ѝ дава одреден број ткн електорски гласови врз основа на бројот на нејзините жители. Електорите се партиски лојалисти кои го претставуваат кандидатот кој победил во таа држава, според толкувањата на овој изборен систем.
За волја на вистината, како што забележуваат американските медиуми, секогаш се јавувале ткн „непослушни“ електори кои гласаат понекогаш поинаку и не ја одразуваат волјата на гласачите искажана на избирачките места во нивната држава, но повеќето електори всушност ги потврдуваат изборните резултати.
Таква варијанта беше употребена токму против Трамп во 2016 година кога демократската кандидатка Хилари Клинтон наводно победи со три милиона гласови повеќе вкупно, но го загуби електорскиот колеџ. Сепак, по барање на некои независни кандидати во неколку сојузни држави тогаш на пребројувањето се покажа дека многу гласови на Клинтон биле од лица кои немале право на глас, па пребројувањето беше запрено.
Тогаш демократските и неолибералните активисти ги повикаа електорите да бидат „непослушни“ и да гласаат против Трамп, односно против добиените гласови од избирачите во сојузните држави. Тоа тогаш го сторија седум електори што беше невообичаено голема бројка, но сепак недоволна за промена на конечниот исход.
Трамп ги повика републиканските пратеници во сојузните држави да изберат сопствени електори, но неговиот апел повторно под силен притисок на медиумите беше отфрлен од пратеници кои беа исплашени дека може да загубат гласачи. Во ноември Трамп рече дека доколку електорскиот колегиум ја потврди победата на Бајден ќе ја напушти Белата куќа, но од тогаш води голема кампања која доби и масовна поддршка во настојувањата да ги оспори сегашните резултати.
Повикот на Трамп, според некои аналитичари сега повторно ќе предизвика „пукнатини“ во изборниот систем. Така смета и Роберт Александер, професот на Нортерн Јуниверзити во Охајо, кој е автор на книгата за електорскиот колегиум.
„Има многу сокриени мини во електорскиот колегиум, а овие избори навистина многу од нив ги изнесоа на виделина“, изјави Александер.
Борбата на Трамп
Ниту во понделникот, на самиот ткн електорски ден, Трамп не ја испушти можноста да ги повтори своите тврдења за изборната измама.
„Колебливите држави (сојузните држави кои не се јасно определени за едната или другата партија –з.р.) востановија голема ИЗБОРНА ИЗМАМА, што значио дека сите тие НЕ МОЖАТ ДА ГИ ПОТВРДАТ тие гласови како потполни и чесни, а притоа да не сторат сериозно и казниво злосторство“, напишта Трамп на Twitter.
Стивен Милер, советникот на актуелниот републикански претседател, изјави во понеделникот за Fox News дека во спорните сојузни држави се одржува алтернативно гласање на избирачите, од кое резулатите ќе бидат предадени во Конгресот.
„Додека зборуваме, во спорните држави гласаат алтернативните избирачки групи и имаме намера да ги испратиме тие резултати“, изјави Милер.
Како што појасни, тоа е потребно доколку бидат усвоени некои претставки и тужби во судовите да може да „ги испратат овие алтернативни резултати од гласањето на избирачите на одобрување“. Тоа е неопходно за „сите наши правни можности да останат на располагање“, додаде Милер.
„Единствениот утврден датум во Уставот е 20-ти јануари, така што имаме доволно време да ги исправиме грешките произлезени од овие нечесни изборни резултати и да го потврдиме Доналд Трамп како победник на нив“, рече Милер.
Конгресот е последната шанса на Трамп
Кога електорскиот колегиум во понеделникот ќе ја заврши работата, единствениот правен лек кој му преостанува на Трамп е обидот да Конгресот да биде убеден да не ги потврди изборните резултати на специјалното заедничко заседание на 6-ти јануари. Секој обид да се блокираат изборните резултати во земјата и со тоа да се промени вкупниот број на сите гласови во САД, мора на овој закажан датум да ги потврдат Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат демократите, и Сенатот каде во мнозинство се републиканците.
Се смета дека на републиканците тоа тешко ќе им успее, бидејќи некои од сенаторите кои и претходно беа противници на Трамп, ја отфрлија таквата можност.
Група републикански пратеници, предводени од конгресменот Морис Брукс од сојузната држава Алабама ќе го направат последниот обид да ги оспорат резултатите од претседателските избори на 3-ти ноември во текот на гласњето за потврдување на резултатите од електорскиот колегиум (колеџ) во двата дома на Конресот на 6-ти јануари, објави весникот The New York Times во неделата.
Судовите по подолго одлучување и под притисок на јавноста, па дури и Вргховниот суд во петокот, ги одбија претставките и тужбите од тимот на Трамп за изборни нарушувања и злоупотреби при пребројувањето на гласовите.
„Според Уставот, имаме повеќе овластувања од Врховниот суд, од кој и да е федреален суд или суд во сојузна држава. Како што ќе кажеме ние, така ќе биде. Оваа пресуда ќе биде конечна“, изјави во неделата конгресменот Брукс.
„Мојата главна цел се состои во тоа да се исправи крајно погрешниот изборен систем во Америка, кој овозможува премногу лесно да се фалсификуваат или крадат гласовите. Постигнувањето на оваа цел ќе му донесе на Доналд Трамп изборна победа во електорскиот колегиум, јас лично верувам во тоа“, појасни Брукс.
Ба 6-ти јануари на заедничко заседание на двата дома на Конгресот, со коешто ќе претседава потпретседателот Мајкл Пенс, треба да бидат потврдени резултатите од гласањето на електорскиот колеџ. Брукс има намера да го искористи своето право да поднесе посмен протест (претставка) против потврдувањето на електорските гласови во петте важни сојузни држави Аризона, Пенсилванија, Невада, Џорџија и Висконсин, каде што ноќта на 3-ти ноември републиканецот Трамп имаше солидно водство, но кое започна да се топи следните денови по вклучувањето на гласовите по пошта во кои наводно Бајден освојувал и по многукратно повеќе гласови отколку што добил на самите избирачки места.
Во овој случај, по поднесокот на Брукс, Претставничкиот дом, каде мнозинството го имаат демократите, и Сенатот во кој мнозинството го имаат републиканците, треба да го прекинат заедничкото заседание поради одделно разгледување и гласање за поништување на електорските гласови во споменатите сојузни држави.
Долниот дом на Конгресот, кој го контролираат демократите, веројатно нема да одобри никакво оспорување на гласовите за Бајден. Доколку нема консензус, како што истакнува NYT, претставката нема да биде прифатена. Весникот смета дека планот е осуден на неуспех. И демократите и републиканците повеќепати преземале слични иницијативи, но од XIX век досега не успеале да ја постигнат целта, пишува The New York Times.
Засега ниеден републикански сенатор не изјавил официјално дека ќе ја поддржи иницијативата на Брукс. Неговите сопартијци, Рон Џонсон од Висконсин и Ренд Пол од Кентаки, кои се жестоки поддржувачи на претседателот Доналд Трамп, јасно ставија на знаење дека се отворени за ваков предлог. Но републиканците кои и претходно беа против Трамп, Патрик Туми од Пенсилванија, Сузан Колинс од Мејн, Лиса Мурковски од Алјаска и Мит Ромни од Јута остро се спротиставуваат. Нивните гласови, според оцената на NYT, ќе бидат доволни за да се спречи дисквалификување на електорските гласови.
Но и покрај тоа, Брукс се бори да ја консолидира поддршката за неговата иницијатива, и во текот на минатата седмица конгресменот се сретнал со неколку влијателни сенатори, меѓу кои Мајкл Ли од Јута. Неговиот план се очекува да го поддржат и републикаците во Претставничкиот дом, Мет Гетц од Флорида и Скот Пери од Пенсилванија. Сепак, односот на сопартијците во долниот дом на Конгресот на замислата на Брукс е многу претпазлив, поради стравот да не ја загубат поддршката од обичните гласачи.
Според написот во NYT, во најтешка ситуација може да се најде потпретседателот Мајкл Пенс, кој како што забележува весникот демонстрираше доследна лојалност кон претедателот Доналд Трамп, но за разлика од шефот на државата се обидел да се придржува до словото на законот. Потпретседателот на САД воедно е и претседател на Сенатот, и тој ќе претседава со заедничката седница на двата дома, на којашто треба да се потврдат резултатите од електорскиот колегиум.
Трамп не покажал особен интерес за иницијативата на Бруск, велат изворите на The New York Times. Неговите помошници појасниле дека тој целото внимание го насочува кон тужбите поднесени во судовите во повеќето сојузни држави.