
Се воведува електронски систем за водење на регистарот на откупувачи на земјоделски производи со целосна евиденција на родот, од договорените количества со производителите, до откупните цени и нивната исплата.
Електронската евиденција ќе има контрола на исполнувањето на условите од договорот меѓу трговците и фармерите.
Бројот на договорите кои ќе се внесуваат во системот на годишно ниво се очекува да се движи помеѓу 50 и 100.000, а бројот на вкупните тргувања се очекува да изнесува и неколку пати повеќе.
Електронската евиденција ќе се води за неколку групи на земјоделски производи, односно за тргувањето со овошје, зеленчук, грозје, добиток, млеко, печурки, жита, маслодајни култури и мед.