АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) во средата на 4-ти јули продаде вишоци електрична енергија во количина од 35.400MWh, за вкупна сума од 2. 079. 000 евра, инфомираа во петокот од компанијата
Просечната цена која била изнесувала 58.73 eвра за MWh.
Продажбата била поделена на два лота. Во првиот ЛОТ се продавала електрична енергија за август и во овој ЛОТ е постигната цена од 65 eвра за MWh. Во вториот ЛОТ се продаваше електрична енергија за септември и овде се постигна цена од 54,85 eвра за MWh .
Сакам да нагласам дека ова е четврта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава. До овој момент, значи практично во првата половина на 2018-та, ЕЛЕМ продаде вкупно 205.560 MWh со вкупен приход за ЕЛЕМ од 10.799.558 евра.
Што се однесува до изминатиот период-во изминатите неколку години или имаше многу малку или воопшто немаше продажба на вишоци електрична енергија од страна на ЕЛЕМ, така што ова го сметаме за значаен успех на ова раководство и значајно постигнување на компанијата и нејзиното производство.
„Нашиот план и нашата цел се и натаму да продолжиме со ова темпо, и да продаваме електрична енергија и во следните месеци. Веруваме дека сето тоа ќе придонесе за финансиските резултати на компанијата, без притоа да ги нарушуваме домашните обврски, односно производството за тарифните потрошувачи”, истакнуваат од ЕЛЕМ.