Елемент ПР побара спогодбено прекинување на договорот со Град Скопје

Агенцијата Елемент ПР достави известување до Град Скопје за спогодбено прекинување на договорот со Град Скопје. На овој чекор се одлучивме по реакцијата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) коешто изрази сомнеж за оваа јавна набавка со објаснување дека на овој начин се прекршува Мораториумот за огласување во медиуми донесен во 2018 година, известуваат од маргетиншката компанија.

„Како агенција што секојдневно соработува со медиумите и новинарите, целосно го почитуваме новинарството, кодексот и принципите на работа. Дел од тимот на агенцијата се поранешни новинари што е дополнителна причина за почитување на новинарскиот етички код и стандарди и зачувување на нашиот кредибилитет“, се вели во објавата на агенцијата.

Појаснуваат дека на јаввниот повик се јавиле бидејќи истиот тој повик во истата форма бил спроведуван и претходните две години од Град Скопје, а такви слични повици имало и од други државни институции.

„Верувавме дека со нашето знаење и експертиза можеме да придонесеме за поголема информираност на граѓаните и транспарентност во работата на градската администрација“, велат уште од агенцијата.

Агенцијата Елемент ПР на пазарот опстојува 14 години и досега нашата работа е обележана со професионалност, принципиелност и отворена соработка. Без ни една дамка во нашата работа, ќе продолжиме да создаваме дополнителна вредност за нашите клиенти и оние што секојдневно ни ја даваат својата доверба.