Јелен: Американските санкции кон другите земји се ризик за доларот

Американската министерка за економија Џенет Јелен предупреди во неделата дека економските санкции воведени од страна на САД, во прв ред кон Русија кои сукцесивно Вашингтон ги воведува уште од 2014 година поради ситуацијата околу Украина, претставуваат ризик за „хегемонијата“ на доларот, бидејќи санкционираните држави се обидуваат да изнајдат алтернатива за американската валута.

„Постои ризик кога користиме финансиски санкции кои се поврзани со улогата на доларот … Тоа може да ја поткопа хегемонијата на доларот на долг рок … Сепак, доларот се користи како глобална валута и тоа им отежнува на другите земји да најдат алтернатива“, изјави Јелен за телевизиската мрежа Си-ен-ен.

Според американската министерка за финансии која во претходниот мандат беше претседателка на централната банка Federal Reserve (Fed), првенствено Кина, Русија и Иран, но и некои други земји, сакаат да најдат алтернатива за доларот.

Јелен притоа потенцираше дека економските санкции се „исклучително важна алатка“ што ја користат земјите сојузници на САД против Русија.