Американската министера за финансии Џенет Јелен му рече на кинескиот премиер Ли Кианг во неделата дека способноста за водење тешки разговори ги ставика двете економски велесили на „постабилна основа“ во текот на изминатата година.
На почетокот на билатералната средба со Ли во Пекинг, Јелен рече дека двете земји имаат „должност“ одговорно да управуваат со сложените односи, додека Ли рече дека двете земји треба да се почитуваат и да бидат партнери, а не противници.
„Иако имаме уште повеќе да направиме, верувам дека во текот на изминатата година ги поставивме нашите билатерални односи на постабилна основа. Ова не значеше игнорирање на нашите разлики или избегнување тешки разговори. Тоа значеше разбирање дека можеме да одиме напред само ако комуницираме директно и отворено еден со друг“, рече Јелен.
Јелен ја стави во фокусот на нејзината втора посета на Кина за девет месеци, заканата што вишокот на кинескиот производствен капацитет за електрични возила, батерии, соларни панели и други производи за чиста енергија ја претставува за производителите во САД и нивните сојузницис
Во саботата во Гуангжу, Јелен и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг се согласија да започнат нов дијалог фокусиран на „балансиран раст“, при што Јелен се залага за рамноправни услови насочени кон заштита на американските работници и компании.
„Како две најголеми светски економии, им должиме на нашите земји и на светот одговорно да управуваме со нашите сложени односи и да соработуваме и да покажеме лидерство во решавањето на итните глобални предизвици“, му рече Јелен на Ли.
За време на нејзината посета, кинеските државни медиуми ја оспоруваа пораката на Јелен за вишокот капацитет.Државната новинска агенција Xinhua во саботата пишуваше дека разговорите за наводниот „кинески прекумерен капацитет“ во секторот за чиста енергија создаваат изговор за протекционистички политики за заштита на американските компании.
Сузбивањето на кинеската индустрија за електрични возила нема да им помогне на САД да ја развијат сопствената, порача Xinhua, изразувајќи надеж дека може да се постигне поголем напредок за време на посетата на Јелен за да се урнат бариерите за заемно корисна соработка.
За разлика од ограничувањето на инвестициите во производството, Кина под воство на претседателот Кси Џинпинг акцентот го стави на ослободувањето на „нови производни сили“, инвестирајќи во врвна технологија како што се електрични возила и комерцијални вселенски летови, области во кои многу американски компании имаат силни страни, пишува Reuters.