Ќелијата подготвувала терористички напади, заедно со партнерите ја неутрализиравме, вели Мицкоски

Христијан Мицкоски, македонскиот премиер вечерва во интервју во Клик плус на ТВ21 зборуваше за разбиената терористичка група на подрачјето на Гостивар и Струга.

Мицкоски рече дека ќелијата подготвувала терористички напад, не само во земјата, туку и пошироко, и дека била разбиена заедно со партнерите.

„За оваа ќелија постоеше основано сомнение дека се подготвуваат напади кои имаат цели во државата, би рекол терористички напади, и ова е една од многуте ќелии кои се активни во регионот. Но таа е сега обезбедена и елиминирана барем кај нас. Претпоставувам дека другите држави ќе бидат оперативни во деновите кои следат и ќе ги елиминираат. Заедно со нашите партнери ја неутрализиравме“, рече Мицкоски.